украден (прид.) - од (предл.)

Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Не ги чуствувам прстите, некоја замраченост... чекор во времето кој поминува низ предметите, низ воздухот заслепен од новите случувања засолнат од немостта на талкањето украден од сомнежот на новите денови.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Ти, ми вели тој, беше во Србија за да ја продаваш таа стоката украдена од железничката станица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Многупати ќе ѝ речам: ти, Струмо, имаш нешто украдено од Егејско Море.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)