ужасен (прид.) - тишина (имн.)

На другата страна од линијата за момент завладеа мачна, ужасна тишина и гласот вжештен од љубомора го исплука зборот: – Курво! Потоа слушалката тресна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се слушаа само нашите чекори по тешките дрвени прагови на пругата; владееше ужасна тишина, која ми ги смируваше сетилата, што ми беа растроени од пијанството под врелото сонце на Стоби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа ѝ предизвика треска која ја онеспособи за движење и Марија сфати дека не постои ништо на светот што не е решена да го направи за да побегне од тој пекол.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)