Целата зградичка на пиланата напросто проигруваше од она поројно заплиснување на водата, што сега можеше да се слева по шупливоста од буката и да се распрснува, удрена во коритцата од турбината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пукале оздола, од ендекот, и го урнале од коњот, паднал тука на пат, удрен во левото рамо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Денот беше еден бесен налет заискрена белина, како бран, како еден бран од виделина, удрен во челото на онаа страна од планината, по чијшто грб се искачуваше тој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го откривам предоцна Но, сепак, тоа е мое Колку што е и ваше, ближни мои, Кога ве дочекува со раширени раце И со гром удрен во срцевината.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
XX. Постоја крај тезгавот и крај оној челичен слив на запците од бичкијата, додека под него бесно се плискаше, пенејќи се, водениот порој, удрен во челичниот прстен на турбината, само толку, колку што имаше време да плукне во своите две големи дланки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)