удобен (прид.) - стол (имн.)

Го посадија Дамчета во плетен, од шамак, и удобен стол спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Грдан влезе во дневната соба - ниско масиче, удобни столови, широка софа и тивка музика што како да се стечуваше по ѕидовите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Токму така“, рече Дипен, подавајќи му на гостинот луле и поттурнувајќи кон него еден удобен стол.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Забележав оти ја фрлив актовката врз работната маса и шумно паднав во мојот удобен стол.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мојот Семјон седи во удобен стол, а кога ќе наиде клиентот за да се качи по скалите, тој го запира.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)