угостителски (прид.) - објект (имн.)

Улогата што, наводно, оваа фирма требаше да ја одигра е првовремено прифаќање на отпуштените работници од угостителскиот објект, а потоа нивно отпуштање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Следствено на тоа, во наредниот период, почнуваат да се чувствуваат последиците од лошото стопанисување со установата, а вината за таквото работење едноставно се префрла на самиот угостителски објект.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите приходи кои доаѓаа од угостителскиот објект се слеваа во централната благајна на установата, но за возврат таа воопшто не вложуваше во угостителската единица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според посочувањата на Митревски, ова дотогаш ано- нимно претпријатие не е ништо друго, туку „новоформирана сестринска фирма“ на Хотел „Епинал“, основана од страна на нејзиниот сопственик, а во таен договор со тогашниот Министер за култура на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, во последните години пред угостителската дејност да биде потполно укината – поради, како што посочува Митревски, „недомаќинското работење“ на Центарот, се случуваат одредени негативни промени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)