Се прашуваше зошто еден таков угледен човек би ја напуштил својата земја заедно со тие “доселени, културно заостанати дојденци”, и наоѓаше одговор: Мојсеј бил поклоник на првата монотеистичка религија, воспоставена од фараонот Ихнатон, кој во четиринаесеттиот век пред новата ера го забранил многубоштвото, со смртна закана спречувајќи го својот народ да им се поклонува на боговите во кои дотогаш верувал со милениуми, а за еден и единствен Бог го прогласил Атон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не само што Мојсеј го прогласуваше за “угледен Египќанец – кој можеби бил принц, свештеник, висок намесник”, туку и Евреите од тоа време ги опишуваше како спротивност на Мојсеј - “доселени, културно заостанати дојденци.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)