убав (прид.) - човек (имн.)

Јас го паметам дедо ми. Беше многу убав човек.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Убав човек ни дошол и убаво нека ни биде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ја отворив вратата, ме пречека насмевка, отсонувана, посакувана, а малото мое се пикна во мене гледајќи во тој убав човек што го изговори моето име со глас на рецепционер од хотел „Белви“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но на убавиот човек само убавото му се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко им Таки беше убав човек, со руса коса и долги светли, негувани подвиени мустаки, со сини очи и оштроумен поглед.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, и покрај сите промени што ги претрпе твоето тело и лицето од болеста, твојот став, твојата убавина, твоите ширум отворени зелени очи откриваа дека си бил многу убав човек, но и дека сѐ уште си убав.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Толку добар. Убав човек. А ете, судбината однекаде ѝ го донесе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)