Во деновите кога е карневалот во Венеција, некои дојденци од Македонија настрадуваат од дерикожи, други играат оро и се сликаат со полуголи женски, трети купуваат и подаруваат цвеќиња, од што дома би ги изел срам.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Убав пат се направил, вели по некое време, нашиот стари крај прогресира.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Садевме тутун, па немав веќе време за да му се препуштам на размислувањето за мојот убав пат во животот за каков со ноќи мечтаев, за градење на мојот иден живот со најубави мисли кои никогаш не можат да се запишат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога ќе заврши карневалот, доселениците од Македонија со убави автомобили и по убави патишта се враќаат во стварноста.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)