убав (прид.) - музика (имн.)

Сега знам колку е убава музиката, тангото кое го играм во занес од страст.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И кога се околу вас молчи, слушнете ја убавата музика на надежта, ништо не е невозможно, во секое утро, во сребрената нишка на зракот повторно се раѓате.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Треперливо чекориме по звуците на харфата, секоја нота ни го разигрува срцето, шепот ја ослободува душата и ја праќа блиску до ѕвездите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Несреќник кој ги крие длабоките болки во своето срце, но чии усни се така обликувани што, кога јачкањата и криковите минуваат низ нив, тоа одекнува како убава музика.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа додаде: „А јас ја имам само болката, а не и дарбата за поезија.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)