Многу ми се допадна овој град, како некоја заспана убавица од приказните, како да застанало времето, тука, во овој убав град.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Букурешт е многу убав град, можеби еден од најубавите или од многу убавите градови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Две вечери останавме во Бурлингтон, убав град на езеро.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
„Во минатото (пишуваше таму), пред славната Револуција, Лондон не беше овој убав град што го знаеме денес.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во текот на годините тој гордо присуствуваше барем на десетина вакви отворања додека угледот на Џоен полека но сигурно растеше до својето сегашно угодно ниво меѓу колекционерите во областа; ова секако ќе му биде последно, како што и многу други неодамнешни настани нужно беа, што тој го сфаќаше или едновремено со нив или ретроспективно: неговото последно лето во нивната викендичка на островот Фенвик, последниот метеорски дожд, последниот сет тенис кога неговата слабост ескалираше, последната величествена октомвриска промена на бојата на лисјата во „нивната” долина, а сега, по сѐ изгледа, и неговата последна посета на овој убав град.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
СОЛУН е голем, и убав град, веројатно и затоа, што е расположен на питомите брегови на Егеј.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Париж е убав град, а ти имаш цела година во слободното време да ги проучиш и видиш неговите знаменитости.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Следното утро кога станав, т.е. веќе беше пладне, ме разбудија плискавиците од дождот што силно го беше зафатил убавиот град Охрид кој без сонцето делуваше некако тажно, како да не е истото место.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)