убав (прид.) - вест (имн.)

- Влезете, влезете за малку во Институтот. Имам убава вест за вас.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Јави му се на Ѓорѓе со убавата вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Помислив дека брза, не за друго, туку за да им ја соопшти на луѓето во дуќаните кај мостот, убавата вест.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Не очекувам овде убави вести. - А лоши? - Ни лоши.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Имам да ти соопштам убава вест, - му рече тој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
БОРИС: Од каде ни доаѓаш намернику чуден со која добра мисла и убава вест каква жртва за ХИФИ богот носиш на нашиов правник, на овој свет ден.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Заедно ја прославивме убавата вест.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Леле колку убава вест ми кажавте!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Убава вест ни носите! рече генсекот загледан во кожниот црвен омот во кој беше копијата на текстот на пораката од претседателот Мојсов, преведена на француски јазик, на меморандум од амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со денови навалуваат на мене... Море не само по неколку денови туку и цели месеци ми запустуваа таквите лоши зборови, сè додека не ми пристигнеше онаа другана, убавата вест.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Владиката уште пред да влезе во куќата, уште од прагот, му рече на Цветко и Цветкојца дека им носи убава вест за синот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)