Здрами си! (Пие). Охо, хох!... (Ѝ го дава пагурчето на Депа). На, земи, жено, напи се. Убава била.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ех, што убав бил животов, си велевме и пиевме, пеевме; кога ќе дојдеше фајрон, кога газдата ќе го удреше клучот на вратата, Јанис ја викаше пејачката да дојде кај нас, да седне на масата; таа гледајќи нè ѓаволесто и потсмевнувајќи се, тргаше на цигарето наврено на долг чибук; ги сменуваше префрлените нозе за да ѝ се види ту едното колено, ту другото, нè потчукнуваше со нозете мене, Анастаса, Ѓера и нарачуваше пијачка; кога ќе се изнатрескавме убаво, Јанис ќе ѝ намигнеше: Може?
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)