Во песната на Абориџините се наоѓа и по некоја височинка на срцето, се наоѓа и бистрина на окото, се наоѓа и по некоја птица искубан опаш како колва трошки од туѓи соништа.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
- Замисли си за момент дека сонуваш, тоа веројатно го можеш - доверливо ми се приближи таа преку масата - Или за момент поверувај дека си влегол во туѓ сон.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Оти од порано уште чуле Дека таква била нивната борба Додека се гине да се пее И како такви уште и фала ѝ викале на песната Песна нас је одржала, њојзи хвала Ами како, ептен и за навек хвала Песната си е песна и како да свртиш Таа ич не е виновна што има секакви И уште повеќе што има никакви пејачи А никакви пејачи имаше и кога ги снема Патеките на соништата поплочени со петокраки Даже ептен никакви пејачи Кои чкрипеа како недоправени верглови И ги раскажуваа своите селански соништа Истопорени на градските плоштади Кои буричкаа во стари и туѓи соништа И кои на ангро крадеа туѓи соништа Крадеа на јаве се што ќе им дојдеше на сон Крадеа и на сон се што ќе им дојдеше на јаве Колку што крадеа и малку се џимкаа во сонот Нивната девиза не беше мирен сон и чиста совест Колку што не разбираа арно што воопшто сонуваа Ако за сон може да се есапи Само уништувањето на старите соништа со петокраки И ако за сон може да се есапи
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Расклокотени како тазе варено капучино Со лажичка свеж цимет Или свежа цанелла Како што би рекле оние кои сонуваат на латиница Кој како што доаѓаше од доселениците Секој својот сон си го теглеше и толкуваше Секој во својот сон си се олеснуваше И во туѓи соништа не буричкаше Отпосле се дозна и се запиша дека за своите исчашени сонови Некои страствени сонувачи Оделе на Голи Оток или на некој Гулаг По патеката на соништата Поплочена со петокраки И кајшто оделе песни пееле Паѓај сило и неправдо На нозе презрени од светот Си мислеле кој пее зло не мисли Ама не разбрале дека е поважно Која песна се пее И не разбрале дека на тие кои мислат Воопшто не им било до песна Па си останале такви Со недопеани песни во грлото
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Ти си најитриот крадец на туѓи соништа па сепак помеѓу четирите ѕида на утрото седнуваш најсиромашен.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Од туѓите соништа градам чудни гробници секој бел камен зглавје е на мртов сон.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тие не само што имаат вештачки вилици и заби Ами и главите им пукаат од вештачки сонови А и зборовите веќе не им се природни и веродостојни И кога ги редат божјите заповеди Намерно ја прескокнуваат онаа – не буричкај во туѓи сонови.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)