Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Нашите интереси треба да си ги изучиме и да си ги заштитуваме сами, а не да ги даваме во туѓи раце за да ги експлоатираат малите балкански државички.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така стуткани еден до друг си ги стегаа рацете, се стегаа за големата Божја рака, призакачени за неа: знаејќи дека се во туѓи раце: веруваа со надеж.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ист онаков каков што дари, но за радост на некои туѓи раце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Вие не сакавте ни збор да чуете од мене И сите туѓи раце оставени врз моето тело. Им ги поверивте на своите остри коси. И ги продадовте за една обична дневница.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Златни деца на туѓа рака оставени, зар маќеата мајка ќе биде, огин да ја изгори...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Бараше од мене арамија да бидам, разбојник, крадец, затоа што се плашеше дека Филозофот е викнат кај нас за да го растолкува записот од одајата, и не сакаше ливчињата на таткото негов, од чија плот и семе беше роден, во туѓи раце да паднат и слава на друг да му донесат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На сѐ беше готов Лествичникот, тогаш Писмородец лажен, само славата од таткото негов да не помине во туѓи раце.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Туѓа рака не чеша каде што те јаде...” им велеше слепиот Тимон.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нели бил и синот на девственицата Марија играчка во туѓи раце? И што се случило?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Играчка, што значи тоа? Ништо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Зашто ателјето на Гого беше жива слика на општ неред, во кој исклучиво тој гледаше некаков ред или ред нему што му годи колку што му треба, па затоа за жива глава не оставаше туѓа рака да го зачисти, па макар да е тоа и неговата сопствена жена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Зошто во туѓи раце раце сме ја клале судбината на чедата?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Авторот „Долу по полено, по врабацине, до срцево Сѐ е така и ноќ и нож в плеќи забиен Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака Ме плаши час од рака своја в плеќи“.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ама кога се гине многу, кратко се памети. „Огнот во туѓа рака никогаш не жежи“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)