Оставена на милост и немилост. на нечии туѓи зборови, туѓи прегратки, нечии чувства и нечии бакнежи, кои не ги прифаќам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
И кога на девојки сум им викал дека ги сакам, тие ништо не слушнале и завршиле во туѓи прегратки.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Околу постелата изникнуваа мистериозните пријатели, песочни лица што се прелеваа едно во друго, те турнаа надвор од бедемот, од песочниот бадем на неговото и твое детство-талкаше, во некои туѓи прегратки, сосема надворешен.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)