туѓ (прид.) - пари (имн.)

Размислувајќи ја согледуваше вистината: можеше со грстови да расфрлува околу себе туѓи пари, да пие и да крши купувајќи и музика и лажно пријателство по крчмите и пак да остане со темно и врело чело - болен заради болеста на брата си и смешно несреќен без Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
МАТЕЈ: Зборувај за себе. МИРА: А ти молчи за себе. Добро ти е во туѓ стан, со туѓи пари.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Пијаницо! - викаше кметскиот. - Пиеш, ама со туѓи пари пиеш. Не ти е срам!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Живееше од бранење на ситни и крупни криминалци, бракоразводни парници, фирми кои што се колеа по судови околу своите или туѓи пари.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)