И еден ден кога ќе се обидеме да го украдеме животот ќе паднеме на својата или туѓа несреќа. Врв на гревот и сигурен пад.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Нема рисјански молитви за туѓи несреќи.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можеби некои мислеле: ете, на туѓа несреќа се богатат, на уништување на туѓи животи!
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тие чекаа туѓа несреќа за да ја заборават својата. Беа гладни дробноимотници.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Навистина сѐ уште бев далеку од помислата дека користењето на тажната насмевка за да ѝ се руга на туѓата несреќа не е природната жална маска на нејзиниот карактер.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
За нив и за сите туѓи несреќи ние судиме секако, најчесто погрешно. Тоа е сѐ.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас лично имам свои радости и свои тешкотии; не сум спремен да трчам по туѓите несреќи“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но не смееш да стоиш отстрана, бидејќи никој не се спасил стоејќи издвоен од туѓите несреќи“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Не смееш да ги браниш должниците на туѓите несреќи“, слушнав како наеднаш ми се обраќа нервозната сопруга на Привидот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Паметам исто така дека ѝ реков на Нилика: „Светот навистина е претоварен со невини должници на туѓи несреќи“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)