За збор убав навидум победа слави, но светлина не може тука да блесне, за туѓи интереси, за неверни томи, за соништа затвора помин.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Според Литре, јаничарот е нечиј сателит кој им служи на туѓи интереси.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ако нивното работење се овенча со успех, тие, а со нив заедно и бугарските интереси, ќе земат врв над туѓите интереси во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Драги братучед! Ти се бориш за туѓи интереси и против мајка Грција. На крај ќе изгубите. Никој нема да ви помогне.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Грчката пропаганда, рековме, со сите сили се трудела да ја компромитира Револуционерната организација како носител на туѓи интереси.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И го фрлија народот пред време во борба; како слушам, велат за туѓи интереси, предавници!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И без твоето двоумење знам дека има и премногу фира помеѓу известијата што втасуваат до мене“, му реков на Борче.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Објаснувањето дека информацијата случајно ти се истресла мене воопшто не ме изненадува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, не му реков дека за мене и не е битно ваквите податоци колку држат вода, и дека неговите информации стануваат интересни само во случаевите кога ќе дотечат од повеќе извори, или кога ќе откријам дека во таквите приказни е содржан и некој туѓ интерес или настан спротивен на нашите интереси.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Чудни размислувања. Интересни идеи. Но дали се тие дело на твоите уверувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Додадов дека по правило во постапките на поединецот е присутен и неговиот личен интерес, се разбира во колку таков интерес постои, а во мојов случај токому тоа ме плаши, постоењето на некое недоразбирање или туѓ интерес.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)