На своите осамени обиколки на синорот беше стигнал да се зближи некако со говедарката Ристана Голушкоска со син ѝ Димко Силистарко, па тие, не без сочувство за нивните страдања во туѓа земја и меѓу туѓинци, брзо ја разнесоа низ Потковицата: Додека бил Видан малечко и додека мајка му можела да работи, го водела со себе по белградските господарски куќи за да ѝ помага.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но кога тој нараснал а таа почнала да поболува, морал сам да заработува за двајцата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И Фимка има големи и мали чеда тука во планините и таму по државите, во туѓите земји...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Загинал „незнамитисот“ во туѓа земја, а нејзе ѝ испратиле писмо со печат и царски знак...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Запролети. Заборавив на настанот во туѓата земја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Така и сторив. Го зедов ќесето со старите чевли и излегов на главната улица, меѓу непознати минувачи, во друг град и туѓа земја.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Лежеа и молчеа како два остарени песа што се вратиле кај господарот по долго талкање по планини и друмови, по долови и скрки, за да му ги вратат на господарот десетте години што тој ги заборавил во туѓа земја, во туѓ град, во грдо ѓубриште, во една ноќ есенска, темна и дождлива. Кутрите мои чевли.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А јас млада, па убава, во туѓа земја, а од турски знам само да кажам „Бир тане туркиш кафе шеќерли... беш тане шеќер“ и да се насмеам како глупача кога некој, мислејќи дека зборувам турски, пријателски ќе се расприкаже на долго и на широко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И излетал, со првите прселни птици да им се предаде на далечните магли под чии полави лежеле океани и туѓи земји до кои можеби многумина сакале да летнат, и пак, недораснати, не знаеле како.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Море седи, Небеска, кај што си се нашла, ќе си речам, во секоја туѓа земја пак ќе бидеш само туѓинка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Но зарем не е посрамно да се седи гладен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Секогаш има и такви што заминуваат да работат во туѓи земји, па и тогаш кога тоа е срамно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па многумина од нив останаа на стража на Грамос, на Вичо, или сакати лежат по болниците во туѓи земји.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Море не ви кажуам, бре браќа, приказни - му рекол Силјан - ами ви кажуам вистинско сторење и патуање мое!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ба, братко, колку за тоа така си е - му рекле друзите на стареата - нека је жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, за да тоа ќе знајт и приказни што чул да ни кажи и да н¯ чуди.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А ако в туѓина останеш и таму завршиш, коските никогаш не ќе ти ги стопи туѓата земја и од нив душата не ќе го најде излезот небески...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)