Но имајќи го во вид фактот дека тој починал цела половина век пред да ја завојуваат Турците Потковицата, а и она, со тефтерот Акиноски, дека неа ја поседувале Акиноските уште одамна пред да биде завојувана од страна на Турците, може да се претпостави дека Загориче било основано во првите векови по населувањето на Славјаните во границите на Византија, може во 10. или 11. век, односно многу порано од она што го тврди науката дека пелагонските населби и села настанале во 17. и 18. век, групирајќи се околу турските чифлизи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
1. Сонцето веќе беше искочено високо над Перун и почна да припечува над главите на аргатките во оградите и нивите на Демовци, Селимовци, Мерсиновци, Адемовци, Гола Сабја, Маџаровци и другите турски чифлизи во Крушевица кога, во еден од убавите пролетни дни на илјада осумстотини осумдесет и... година, се вратија од полето Јован Пантовски и Адем Маџаровски и се качија на маџаровската кула.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Откако ќе попленеа и ќе запаеа некој турски чифлиг, ваму бегаа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во Цариград на Сандета му било издадено решение парите да се исплатат во Монастир, меѓутоа, во тој момент во Монастир касата немала доволно пари, та се решило парите да се платат откога ќе се продадат на лицитација турските чифлици Кале и Каменци.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
— Та за што ти се, Митре, тебе две три мартинки?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И навистина, уште истото лето од секое село беа одредени по два тројца луѓе и отидоа в поле, на жетва, со аргатите по разни турски чифлизи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Турците, додека не сфатија дека се недосегливи бунтовниците, ќе донесоа војска од Прилеп и Битола и ќе удреа на нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На тоа упатува, покрај тефтерот Акиноски, и последниот пишан документ во кој населбата во Потковица за последен пат се споменува со старото име - Загориче.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)