турски (прид.) - пратеник (имн.)

Неколку дена по оваа манифестација, група грчки офицери отишла кај турскиот пратеник во Атина и, од името на 1.000 души доброволци, го замолила да му ги пренесе на султанот нивните сочувства и желби да стапат во турска служба за да ѝ помогнат на турската војска во борбата против востаниците во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Турскиот пратеник, изразувајќи задоволство од симпатиите што му биле укажани на султанот, им изјавил дека нивната молба не можела да биде уважена, бидејќи турската војска и полиција за кусо време ќе ги ликвидираат „бандитите“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Констатирајќи дека водачите на елинизмот водат политика „којашто води само кон срам“, Берар со индигнација пишува: „Атина ... денес е под чизмата на турскиот пратеник.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)