Се работи не само за зборови од вистинско турско потекло туку и за зборови кои продирале во балканските јазици од други јазици (арапскиот, персискиот и други).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски во делот на својата преземена обврска се задржа и на зборовите од турско потекло во балканските јазици со апстрактна содржина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа тој реши да забележи и некои од називите на мерките за тежина, должина, висина и површина, како и за означување на направите за мерење, главно од турско потекло.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во други куќи крај Езерото се правеше тикуш, ама со друго име, обично го викаа пита со пиле...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас името и правењето на тикушот ги наследив од мојата свекрва од турско потекло.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тие периоди во балканските јазици продирале голем број зборови од турско потекло, односно турцизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Турскиот јазик со кој денес се служи населението во Турција (околу 60 милиони жители), помали групи од турско потекло на Балканот (во Бугарија, Македонија, Косово, Грција, Романија), како и неколку милиони во емиграција, започнал да се развива во Анадолија кон крајот на XI, уште од времето на освојувањето на полуостровот од страна на турските племиња дојдени од централна Азија под команда на Селџуците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој се определи за следниве најчести заемки: аршин, најраспространета заемка за означување должина, ширина и височина (62-75 см), (од турски аrşin); ока, мерка за тежина, 1 238 г (од турски okka); чифт, пар, рало (од турски çift); еден, непарен, осамен (од турски tek); ѓутуре, кутурица, нешто земено без мера, на куп, наеднаш (од турски gütüre); карар, мера, умерено (од арапски ḳarār); ајар, мерка на чистотата на златото, а и точно и прецизно регулирање на саатот (од арапски ʿiyār); фира, тоа што се отфрла при мерењето и почесто при изработувањето на нешто, отпадок (од персиски fru); урнек, јурнек, образец, пример, кројка, модел (од турски örnеk) Климент Камилски се чувствуваше осамен на бојното поле со турцизмите кои го напаѓаа од сите страни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој од мноштвото заемки ги издвои зборовите: абер (вест) од арапскиот збор haber, акал (ум, разум) од арапски akil, ал (грижа, положба, состојба, мака), арка (протекција, врска), далавера (измама, лага), дереџе (степен, состојба) од арапски derece, дикат (внимание) од арапски dikkat, дубара (клевета, измама) од персиски dubara, еџел (смртен час) од арапски ecel; есап (сметка) од арапски hesap; idare (штедење, издржување), изин (дозвола) од арапски izin, јабана (туѓина), јагма од персиски yama, мајтап (изигрување, подбивање), мерамет (милост) од арапски merhamet, мукает (внимание, интересирање, грижа), намуз (чест, чесност) од арапски namus, нафака (среќа, благосостојба) од арапски nafaka, ниет (намера) од арапски nyet, раат, раатлук од арапски rahat, rahatluk, салтанат (раскош, луксуз) од арапски saltanat, селамет (спас, добар крај) од арапски selamat, тертип (ред, поредок и план, начин) од арапски tertip, ujdurma, uner (чудо) од персиски hner, усул (внимание, внимателно, со мерка) од арапски usul, чалам од турски çаlim, чаре (излез, средство, начин) од персиски çare.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според договорот, Камилски започна да реферира: Зборот башибозук е од турско потекло (baş глава, bozuk расипана) и најсоодветен превод би бил обезглавени или улави глави.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, повеќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„А јас сум калеша, имам турско потекло. Моите се доселени од Мала Азија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Моето делумно турско потекло, по бабата Хазбије анм, прва братучеда на Али Фетхи Окјар, некогашниот Ататурков премиер и амбасадор на Република Турција во Франција и Велика Британија, беа дополнителна причина за нашите блиски односи, како и почитта кон Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)