турски (прид.) - писмо (имн.)

Првин поранешниот министер во владата, врз малцинска основа, Мустафа С., му рече дискретно на Татко: Ме повика водачот на Републиката, пред некој ден, да ме праша дали познавам некого кој го владее старото турско писмо, арапската османица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Често во неговите наследени книги со старо турско писмо, пепелта од неговите цигари при занесните читања се истураше и врз синкавите персиски минијатури, арапските арабески, небаре неговиот лик беше засекогаш заробен во нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш можеше да се увери во неговите продлабочени познавања на старото и на новото турско писмо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мусли бег нема да го испушти Јована да премине на чифлигот Јаузоски, припратен е по него како по свој, го научи турско писмо, го изучи да свири ут и го изучи да го толкува Коранот и му има повеќе доверба од на синовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)