2. Изрекување на мерката „забрана на работа“ Следна важна промена која ја донесоа измените на ЗРО (1993) во сферата на инспекцискиот надзор се однесува на овластувањето на трудовите инспектори за забрана на работата во работната просторија на работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Намалувањето на правата се однесува само на укинувањето на обврската на инспекторот, при известувањето за утврдената состојба, на работникот да му даде поука како да ја оствари заштитата на своето право; б) беше задржана старата одредба која предвидуваше, во случај трудовиот инспектор да утврди дека, со конечна одлука на надлежен орган, е повредено право на работникот, а работникот повел работен спор пред надлежниот суд – по барање на работникот, инспекторот, со решение, да го одложи извршувањето на конечната одлука на работодавачот, сè до правосилноста на судската одлука.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, со ЗРО (2005), повторно се предвиде дека трудовиот инспектор ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка, ако констатира дека работодавачот, односно одговорното лице – со повреда на закон или други прописи, колективни договори и/ли дого- вор за вработување со кои се уредуваат работните односи – извршил прекршок (чл. 261, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По четири години, во 1997, ова овластување да се донесуваат решенија беше редуцирано на укажување до работодавецот, во определениот рок, да ги отстрани утврдените неправилности, додека овласту- вањето да поведе постапка пред надлежен суд беше сведено само на обврска работодавецот, писмено, да го извести трудовиот инспектор за постапувањето по укажувањето (чл. 9, ЗИДЗРО/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А, пак, спротивно на ова, со измените на ЗРО (2005) од декември 2008, беше проширена можноста за жалба без суспензивно дејство, упатена, најчесто од незадоволниот работодавач, до Министерот за труд – и тоа не само против решението на трудовиот инспектор со кое се забранува вршење на работа, туку уште и во два случаја: (1) против решението со кое му се наредува на работодавачот да донесе или поништи акт со кој би ги отстранил утврдените неправилности и недостатоци; како и (2) против решението со кое се одлага извршувањето на конечната одлука на работодавачот со која е повредено некое право на работникот, за коешто овој повел работен спор пред суд (чл. 7, ЗИДЗРО/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, по донесувањето на четвртата измена на ЗРО (2005), трудовиот инспектор повеќе не мора да присуствува на оваа седница (чл. 44, ЗИДЗРО/окт.09) – што, во праксата, може да создаде проблеми поради неможноста од директно соочување со него, а заедно со тоа, неминовно, доаѓа и до зголемување на арбитрерноста и можноста од појава на непосакуваното „рекетарство“ вршено од страна на јавните, владини (партиски), функционери врз приватните бизнисмени и работодавачи – на што, впрочем, неодамна и бевме сведоци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
1. Ингеренции Согласно ЗРО (1993), трудовиот инспектор имаше овластување, ако има повреда на закон, друг пропис, колективен договор или договорот за работа – да донесе решение со кое ќе нареди, во определен рок, да се отстранат утврдените неправилности и недостатоци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, само по неколку месеци, со втората измена – од декември истата 2008 година, се предвиде дека, во оваа ситуација, на работодавач кој е правно лице, ќе му се изрече глоба во износ од 15.000 ЕУР (чл. 8, ЗИДЗРО/дек.08); • за прв пат е воведен и нов член, 266-а, кој предвидува дека – ако трудовиот инспектор утврди дека е сторен некој од наброените прекршоци, должен е на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување и посредување, согласно со Законот за прекршоците (2006) – чл. 29, ЗИДЗРО/авг.08.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако работодавецот не постапи соодветно, трудовиот инспектор имаше овластување да поведе постапка пред надлежниот суд (чл. 141, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со носењето на ЗРО (2005), во оваа потесна сфера, дојде до следниве две промени: а) се избриша одредбата кој предвидуваше дека трудовиот инспектор е должен да постапи по барањето на работникот и да го извести за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето 58 право (чл. 149, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Трудовите инспектори пак добија овластување да донесуваат решенија, наместо едноставно да укажуваат, но не и да поведуваат постапка пред надлежен основен суд!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на ваква постапка, трудовиот инспектор составува записник и издава платен налог за плаќање на изречената глоба.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Според изворната верзија од ЗРО/93, трудовите инспектори можеа да ја преземат оваа мерка во два случаи: (а) при прекршување на одредбите околу засновањето работен однос и (б) при прекршување на одредбите околу плаќањето на придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување (чл. 143, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во април 2003 беше ограничен и опсегот на прашањата околу кои трудовиот инспектор може да донесе решение.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Трудовиот инспектор, во овој случај, составува записник, којшто заедно со барањето за поведување ваква постапка ги доставува до Комисијата за посредување, и тоа во рок од три дена.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тука, мора да констатираме, дека сиве овие години законодавецот никако да воспостави некоја разумна мера во казнувањето – па, така, или казните се преблаги или, пак, спротивно – тие се престроги и не соодветствуваат на реалноста, особено кај т.н. „микро, мали или семејни бизниси“, којшто, како трговци-поединци, за своите обврски одговараат неограничено т.е. со сиот свој имот; а предвидените казни не кореспондираат ниту на целта на казнувањето – т.н. генерална и специјална превенција; • воведена е една нова група од шест т.н. „полесни прекршоци“ за кои се изрекува т.н. мандатна казна, на самото место, која ја наплатува самиот трудов инспектор – а којашто изнесува 10.000 ден. за работодавачот и 5.000 ден. за одговорното лице (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа, главно, може да се каже и во поглед на овластувањата на трудовите инспектори предвидени со ЗРО.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, за чудење, оваа инспекција во случајов реагираше во корист на новата директорка и прекршувањето на правото на Зефиќ de iure беше „озаконето“!?.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
55 Истовремено, течеше постапка пред Инспекторатот за труд при МТСП, кадешто трудов инспектор (З. Стојановски) – по еден месец од обраќањето – донесе управно решение во негова полза,4 во кое беше укажано дека Известувањето на Министерот не е засновано на закон и истото треба да биде повлечено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
После консултација со адвокат (Е. Јоцевска), која правно ќе ја застапува во сите понатамошни фази на спорот, во текот на месец март 2006-та, таа покренува работен спор пред Основниот суд во Битола, со цел по судски пат да ги оствари своите побарувања (поднесува колективна тужба заедно со уште двајца вработени во фирмата).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, таа има сознанија дека директорите, на неколку наврати во минатото, ги подмитуваа трудовите инспектори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Запазувајќи на рокот за одговор, тој, во декември 2002, се реши да поднесе тужба пред надлежниот суд. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најпосле, таа им соопштува на директорите дека дефинитивно ќе поднесе тужба, на што тие реагираат прилично нервозно – бидејќи не очекуваат нивни вработени да се одлучат на овој „радикален“ чекор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Револтирана од ова, Зефиќ вели дека „оваа инспекција кај нас за џабе постои“ и со право констатира дека трудовите инспектори, при било каква реакција од работник, само одат кај директорите „на посета и муабет“, попатно го бараат досието и божем прават записник – а сѐ со цел да го прикажат во нивните извештаи и да покажат дека нешто работат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)