Ѝ беше драго што мајка ѝ е среќна, што таа веќе не е трудна и не мора да ги убедува комшиките дека, ете, таму, во градот, сѐ е поинаку, па дури и бременоста трае многу пократко, само три месеци!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Оливера Поточка пред сите кажува дека е трудна и дека не сака овде да го роди, а на Филип Хаџиевски одново му се одзема умот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Погледни нѐ, повеќето сме трудни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тој, и не погледнувајќи ги, знаел која е трудна и која кога ќе роди и женскомашки се клештел - ќе им подвикне, ќе се разбегаат како чавки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со години луѓето на Кукулино го прераскажувале настанот на тој ден; внуците дочекувале внуци и се сеќавале на прикаските од детството: пред жените во црно одела со тврди чекори игуменијата Минадора во арамиски објала и со неголемо знаме - златен и збрчкан лик на модро платно со црвени рабови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можела, доколку не ги жалела слабите, трудните и доилките, да ја измори дури и манастирската маска.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сани веќе беше трудна и групата се викаше Паганска Ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Далтон вели дека ќе застрела крава.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога Далтон ќе ја праша што размислува, таа одговара, „Ништо“, но всушност си ја замислува зимата и како сигурно ќе немаат доволно за јадење.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)