тројански (прид.) - коњ (имн.)

* Вратата е преслаба за клучот вратата е преслаба за рамото вратата е преслаба за тројанскиот коњ вратата е преслаба за убавиот збор вратата е појака само од ѕидот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Партијата забранува пристап на козарите со козите, но козата се претвара во Тројански коњ, „ѓаволска ѕверка” која ги оневозможува намерите на Централниот комитет на јужната Република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Како секогаш свежа изгореница”, би можело да се каже, ја чувствуваше Пандалф Вулкански - можеби би згрешиле ако кажеме: госпожа Сенка; подобро: нејзиното отсуство, како едно меурче на кожата, во кое, како во кугла, се наоѓаат секакви: Левенхуковите човечиња, Зевсовиот дожд, а богами и: вирусите, тројанските коњи, логичните бомби и црвите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)