Политичката моќ, освен визиите и чувството за историја коишто треба да ги поседува, во голема мера се потпира и на баналните, секојдневни распореди на силите, и дури може да се тврди дека насоката на тој тромав брод наречен држава повеќе е детерминирана од тие „синхрониски“ (дневни, статус кво) каузалитети отколку од големата „дијахрониска“ оска, главно невидлива и безначајна за повеќето протагонисти, но длабински (тектонски) потенцијално фатална за стабилноста на одредено општество.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)