Многу момчиња и девојки прегрнати, со кригли пиво в раце, на една тркалезна маса, сите пијат и зборуваат гласно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Малку повеќе се задржав над оваа карта и веднаш се пренесов во Версајскиот дворец, кај онаа тркалезна маса на која што, со потпишувањето на Версајскиот договор, по првата светска војна Македонија е распарчена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На терасата околу една тркалезна маса со бел чаршав беа седнати другите членови од делегацијата – директорот на театарот, режисерот и актерот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во длабочината на ресторанот, на мала тркалезна маса, во придружба на Јурак, млад човек, висок, облечен во фармерки и кафеава кожна јакна, со очигледна загриженост на лицето седеше Илона од Прифатниот центар за странци, а веднаш од десната страна на влезната врата Азра со ракоплескање ја пречекаа шесте жени од Центарот, пред тоа живо расприкажани со Тихомир од Друштвото “Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И потоа, на тркалезна маса, на тема „Зошто има чудесна магија во раѓањето“, родилките везат ли везат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Навистина, бев во трета просторија, пуста, само со тркалезна маса на средината и отворена книга на масата.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Еден смешно долгнавест ковчест келнер му притрчува и Арсо се сместува на мала тркалезна маса.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Информациите за она што се случувало во Македонија со развојот на НОВ и ПО на Македонија сè уште биле скудни. 107 Како реакција на одржаната тркалезна маса интересна е реакцијата на Константин Фотиќ, амбасадор на југословенската влада во емиграција во Соединетите Американски Држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие организирале тркалезна маса под наслов „Борба за Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 27. XI 1943 година во својата телеграма до претседателот на Југословенскат влада во емиграција, ќе истакне: Во Њујорк друштвото „Слободен свет“ одржало слободна дискусија меѓу Адамиќ, Косановиќ, Радиша, Дел Вајо, Салвемини и уште некои, за проблемите на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Дебатата била објавена на страниците на списанието "Слободен свет" во ноемврискиот број во 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сретнував постари дипломати од ваков сој, и на подготовките во ССИП во Белград, и во земјите во кои служев во Тунис, Франција, Португалија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сеќавам на првите средби со него на вечната тркалезна маса со новите амбасадори во федералното министерство за надворешни работи, каде најчесто настапуваше со геостратегиски надворешно-политички анализи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во една од централните сали на Сојузниот Секретаријат за Надворешни работи на СФР Југославија (познат како ССИП) на тркалезната маса старите амбасадори, маргинализирани и заборавени за нови постови, беа вечни дискутанти.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сеќавам во федералното министерство за надворешни работи постоеше една постојана тркалезна маса на која стари дипломати пред тие што требаше да заминат во нови мисии речиси со татковска грижа настојуваа да им ги откријат сите тајни до детали на односната земја или на дипломатијата воопшто.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го сметаа за еден од елитните политичари на југословенскиот режим, со дипломатски мисии во САД, во Индонезија и Германија, како амбасадор, но и како една од врвните личности во дипломатското разузнавање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Разликата помеѓу гледиштата на Хајдегер и Дерида во поглед на преведувањето најдобро може да се согледа во Деридиниот одговор на прашањето поставено од страна на Родолф Гаше во една дискусија на тркалезна маса за преведувањето, собрана во The Ear of the Other.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Глобалното Село каде што сите сме заедно, се употребува како метафора за тркалезната маса на која се собираме за да разговараме за сѐ што нѐ засега. Rheingold ја анализира состојбата на CMC (компјутерски посредувана комуникација) и пишува за зависниците од различни системи: минител во Франција, кампус мрежите, xxx, bbs (само за возрасни), во центарот на Небиднината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)