Вреди да се спомне и тоа дека дополнителна поволност за работодавците, предвидена само со овој времен закон, беше можноста, покрај надоместувањето на средствата за платените придонеси, тие да 124 добиваат тримесечен износ на средства во висина од 25% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката, во случај да вработат на неопределено време невработено лице кое е корисник на паричен надоместок по основа на невработеност, како и тримесечен износ на средства во висина на просечно исплатениот износ на социјалната парична помош, во случај да вработат на неопределено време невработено лице кое е корисник на социјална парична помош (чл. 4 и 5).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)