Му веруваа луѓето на „Светијата“, така одамна го викаа Боро Селински, зашто открил темели на две цркви, а за третата не беше сосема сигурен, иако неколку вечери на сон му доаѓаше Пресветата Богородица и го прекоруваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Третиот не ја симнува пушката од рамо. Молчи и во никого не гледа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)