Џејмс Вовел беше тој што ме вработи, прво да разнесувам весници и второ како главен и одговорен за следниве активности: да одговарам на телефон, да ги правам подготовките за весникот и да исчукам сѐ што ќе ми соопштат преку телефон и во четврток да го разнесувам весникот, што значеше дека бев трет човек во канцеларијата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Петмина млади пријатели одат во Тубинген со некаква светост во срцата, како да одат на поклонение, затоа што таму, во домот на столарот Ернст Цимер, живее Фридрих Хелдерлин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Џејмс Вовел ми даде простор во задниот дел од списанието.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тоа исто прашање на сосема друго место го поставува некој друг човек, тоа исто прашање во некое друго време го поставува некој трет човек, тоа исто прашање на различни простори и низ разни времиња го поставуваат неброено многу луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)