треперлив (прид.) - птица (имн.)

Мрежите се невидливи жици, во нив срца- треперливи птици.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таа длабоко воздивна и ја здогледа треперливата птица што ја виде пред малку.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но сега тешката железна рака милостиво го олабави стегањето на неговите гради и тој повторно тивко си го слушаше срцето и тоа сега не беше како тапан што бие, туку беше како треперлива птица што удира со своите слаби крилца во ѕидовите на кафезот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Летаа нечујно во јамата. Слепо удираа во камените ѕидови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)