Додека во првите вечерни часови се затвораат „Халите“, додека се повлекуваат тезгите во сите трговски дуќани, кога престанува животот и работата на ескалаторите во најголемата париска трговска куќа „Лафает“ и кога се затвораат речиси сите продавници, и кога трговскиот Париз оди на одмор, во метрополата пак е живо и пак се тргува, но сега само за ноќните посетители и гости...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На Ѓорѓи, кој беше најкрасив меѓу нас, по завршувањето на прогимназијата, татко ми му даде капитал да отвори мешовит трговски дуќан, типичен турски дуќан, во кој се продаваше сè, така речено од катран до гајтан.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)