Имаше некаква симетрија во крајот на владеењето на избраниците кои синдромски, атавистички, фаталистички, до последниот здив на животот не сакаа да ја напуштат врвната власт, готови, само на Бога да му ја предадат власта, нивните владетелски илузии лесно минуваа и во трансцендентни илузии Така започнуваа моите дипломатски години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Без Бургиба Картагина умираше повторно пред рамнодушната на нејзините жители.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)