трагичен (прид.) - ситуација (имн.)

И така е, помисли тој, во сите навидум херојски или трагични ситуации.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа, всушност, беше заштитен знак на Ладламовата театарска техника, како што неодамна нагласи еден негов соработник: Она што Чарлс Ладлам го усоврши, и како глумец и како режисер, е умешноста да го одржи патосот на некоја трагична ситуација дури и кога ќе загазеше во урнебес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа мрежа на идеи и вредности ги содржи: претставата дека стигмата на хомосексуалноста може да се надмине не со отпор кон неа, туку со нејзино прифаќање; откажувањето од секакво очекување дека ти следува да те сфаќаат сериозно; ироничното гледање на сите општествени идентитети; навиката да се третира автентичноста како изведба на автентичност; одбивањето да се уважи како достоинствено страдањето на поединците кои се нашле во ужасни и трагични ситуации, дури или особено кога ќе се погоди баш ти да бидеш еден од нив; истовременото заземање на општествено повисок и општествено понизок став, што подразбира постојано унижување на самиот себеси; отворено признаената срамотност на сексот и демократизирачкиот порив таа срамотност да се шири наоколу; антихиерархиската инклузивност на камп-хуморот, неговото себенеизземање и неговата постојана функција во создавањето заедништво.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, сепак, и покрај сомнежите, Њутн насетува дека дрег-кралиците, сепак, се смеат токму на трагични ситуации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, нема ништо едноставно и приземно во оној вид смеа што доаѓа од оние публики што машката геј-култура ги научила да реагираат на ужасни или трагични ситуации со толку неодмерен, збунувачки уренебес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако има некаков сомнеж дека стрејт-културата и геј-културата, без разлика на сексуалноста на поединците што учествуваат во тие култури, различно ја сфаќаат логиката на жанрот, па затоа и различно реагираат на поставувањето ужасни или трагични ситуации – ако има каков било сомнеж околу нешто од ова, еден поглед на следниов пример ќе биде доволен да го разбие тој сомнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)