трагичен (прид.) - настан (имн.)

По неколку години од овој трагичен настан и самиот Фазли паша ја доживеал истата судбина (задавен со свилен гајтан) во истите одаи на својот Сарај.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Малку мир и среќа речиси по правило се плаќаат со непредвидливи трагични настани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имено, тие не се обременети од тој трагичен настан, иако се лишени од реалното учество во животот на предземјотресно Скопје, кое за нив и никогаш не било сегашност, туку само минато. Маргина 34 49
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Секој даваше свое толкување на трагичниот настан, поврзувајќи го со слични настани, збиднати пред дваесет, триесет или повеќе години.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На неговото лице, со силно изразени јаболчници и густи веѓи, разделени со длабок засек вертикално избразден до средината на челото, се читаше оптовареност од трагичниот настан.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Барем јас ќе го паметам тој настан како смешен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, нели, самото превртување на колата без страшни последици, не спаѓа во трагичните настани?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност, истото го мислев што го мислеа и тие сè додека, две години по нејзиното префрлање во Одделението за анализа, и брзото унапредување и назначување во чин на наредник, не се случеше оној трагичен настан на стрелиштето во Камник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)