топол (прид.) - погача (имн.)

Дедо Крсто седнат скрзнозе, запали чибук, влечи полека, испушта миризлив чад, а баба Крстовица стави пред неа топла погача и веднаш зад неа влезе мајка со бокал топол течен пекмез.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не, јас пеам само за мојата мајка. Таа од далеку ме следи, јас ја препознавам во мојата тишина, која другите не ја разбираат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа ми го подава лепчето на мојата душа, топлата погача на здивот на родниот дом.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Донесол домаќино една топла погача.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Е, ама с¯ јас, с¯ јас не бидуа, бре браќа, па и вие нешто речете де, кажете кој ќе отцепит дрва?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама, попо што рекол, за да се отми?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И стискајќи ја под мишка топлата погача, почна да се качува по стрмнината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И паметам дека попладнето воздухот во нашиот двор мирисаше на печена кокошка и топла погача и како мајка од сандукот ги извади пљачките и не облече така, како што не облекуваше кога не носеше во црква...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некој, од тие, кои нѐ спроведуваа, ми ја одрами торбата со печената кокошка и со сѐ уште топлата погача...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)