топол (прид.) - одаја (имн.)

Моја единствена, таму, во топлата одаја, клекни пред иконата на Богородица и моли ја да ти се вратам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Што ќе ми значеа свадбата и свадбарите, и ѓаволот и јарето, ако го слушав гласот на Јордан Арето, или ако не го гледав орловиот нос на Караѓоз и самиот излезен од сказните, од темнината на приказните оние што ги кажуваа и раскажуваа, ноќта спроти Св.Никола, во топлата одаја на тетин Никола?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Господи, што е тоа што не дотурка дури тука, што нѐ крена од топлите одаи?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стана и влезе дома. Во топлата одаја го разбива мракот малендавото кандилце чие пламенче трепери пред ликот на Богородица - иконата стара што од памтивек виси во ќошот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)