тогашен (прид.) - амбасадор (имн.)

Тој откако преживеа уште еден пекол во Албанија во 1997 година емигрира со помош на тогашниот амбасадор на Франција, мојот пријател Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
211 Таков трансфер, иселување на „120.000 Македонци северно од границата на Грција од 1941-ва“ му предлагал тогашниот амбасадор на Велика Британија, Р.А. Липер, на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Антони Идн, во писмото од 24 ноември 1944, а со цел „Грција да нема славјанско малцинство и заради тоа што ампутирањето на славјанската територија кон западна Македонија и нејзиното анектирање во славјанска федерација е практично невозможно и би било истовремено економска катастрофа за Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
256 Иницијативата за разговор со раководството на Бугарската работничка партија (комунисти) за формирање југословенско-бугарска федерација ја дал ЦК на КП на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)