Во другата соба некој се обидуваше со чешел и со парче тоалетна хартија да ја следи мелодијата на воената музика што сѐ уште трештеше од телекранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Децата на Парсонс ја свиреа по цел ден, на еден чешел и парче тоалетна хартија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Џабе им е дипломата на брат ми и штедната книшка на татко ми и на мајка ми кога и тој и тие можат газ да си бришат со нив, оти скоро ни тоалетна хартија нема да има.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Водата не го исфрли пасошот по тогаш тој нафрла во шољата стутка тоалетна хартија и пак пушти вода.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Едо успешно ги помина и полициската и царинската контрола на југословенските власти, но штом возот тргна, тој стана од местото и влезе во клозетот каде што го стутка пасошот, го напика длабоко во одводната дупка на клозетската шоља, ја навитка раката со тоалетна хартија и го притурна пасошот во дупката па пушти вода.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го прашувам со нетрпелива реченица. - Имаш тоалетна хартија?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Крвта не течеше толку колку што набабруваше и тој употреби една ролна тоалетна хартија за да ја запре.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ѓорѓија стравуваше од последново и јадеше со голема внимателност, пребледувајќи ако му паднеше малку путер на љубениот чаршаф.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѓорѓија само молчеше и јадеше, не со сласт, бидејќи му се мешаше дури и во тоа колку шеќер ставаше во чајот: - Шеќерна болест ќе добиеш!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Огромните предни заби ги покажуваше со сиот сјај, одеше леко подрипнувајќи и низ огромна насмевка на сите ученици им велеше „добар ден!“ или пак „здравоо!“ на оние што повеќе ги сакаше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога се свртев накај шолјата - имав што да видам: до половина беше полна со не многу бистра вода, а на дното една маса тоалетна хартија надуена како падобран ја прикриваше дупката преку којашто идеално целата шолја требало да се испразни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога ја истрошив целата ролна тоалетна хартија, се сетив како мајка ми постојано ме плашеше дека ќе сум ја затнел шолјата, но тоа беше само едно блиц сеќавање кое се разви единствено кога се обидов да пуштам вода и да се збогувам со мојата неколкудневна тежина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не ги ни засука ракавите кога ја нурна во водата и со долниот дел го поклопи падобранот од тоалетна хартија и којзнае уште што друго под него.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но, тактиката излезе сосем беспотребна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сепак, добро е, си реков, што искористив толку тоалетна хартија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)