Се прикажува дури и дека некој си титуларен советник, кога го беа направиле управник на некоја си одделна неголема канцеларија, веднаш си преградил посебна одаја, наречувајќи ја „биро“ и поставувајќи покрај врата некакви вратари со црвени јаки, со ширити, кои се фаќаа за кваката и ја отвораа пред секој што ќе дојдеше, иако тоа „биро“ одвај да можеше да собере една обична маса за пишување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Детето го крстиле, при што тоа заплакало и направило таква гримаса, небаре претчувствувало дека ќе биде титуларен советник.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Што се однесува до чинот (зашто кај нас пред сè треба да се најави чинот), тогаш тој бил она, што се вели, вечен титуларен советник со кој, како што е познато, се имаат измајтапено и изживувано во доволна мера различни писатели што ја имаат пофалната навика да ги притискаат оние, кои не можат да касаат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)