тивок (прид.) - шепот (имн.)

- Нека ме гори... ако ми е пишано - нека ме изгори - тивок шепот накај превалецот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Продолжуваше дома, дури и во ноќта, понекогаш до мугрите, да ги доработува сиџилите, со тивкиот шепот на семејството и со шумот на реката која веќе престана да ги носи неговите надежи да замине кон морето, на југ.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Или ќе се разбудеше од познатиот тивок шепот на нејзините чекори.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Секој звук што ќе го направеше Винстон, над нивото на сосем тивок шепот, беше фаќан од него; згора на тоа, сѐ додека се наоѓаше во видното поле што го контролираше металната плоча, тој можеше да биде виден и чуен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тивко некој ќе потпраша – а паметиш ли? Паметам – одекнува тивок шепот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Олеснувањето ѝ дојде кога ја почувствува силната прегратка на Томо, проследена со тивок шепот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)