тивок (прид.) - уличка (имн.)

Куќата на Бојана беше во една од неколкуте тивки улички во близина на градскиот центар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Хотелот „Ексцелзиор“ е близу до центарот на градот, но сместен во релативно тивка уличка со неколку повисоки предвоени згради и меѓу нив, со типично периферски еднокатни куќи, кои покрај зградите изгледаат речиси сиромашно. Некои од куќичките се оградени.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, секогаш кога трчајќи ненадејно ќе налетам на тивка уличка која како да не му припаѓа на бучниот град, ме обзема необјаснив страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)