тивок (прид.) - тон (имн.)

Со налутен ама тивок тон рече: - Продолжете да свирите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Да... – рече развлечено. Од неговиот замислен поглед и тивкиот тон на гласот сфатив дека во него нешто се прекршува. Молчејќи се гледаме в очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ни беше приготвена храна а пред нас се создаде и армоникаш кој веднаш, со тивки тонови, годоловуваше убавите валцери на Штраус.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)