тивок (прид.) - тага (имн.)

Јага Перуника ги крпеше парталите на децата и со тивка тага ја слушаше во себе прикаската за неговиот живот, поточно делчиња од таа прикаска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бојан ги гледаше овие мени на природата и сето тоа му навеваше тивка тага во срцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неговата тивка тага ме спречи да се расприкажам како што си имам обичај, да почнам да го распрашувам кого тоа сака да научи, зошто, како.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Рано ја сетив онаа тивка тага за сите овие луѓе што подоцна, со првите младински години, ме следеше стоејќи негде на границата помеѓу слеп бес и размислување - зошто е сè вака, зошто животот потсетува на полуслепо рудничко коњче што влече преголема тежина за својата сила, управувано од долг бич, од пијани извици?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Долго збораниот бес, наталожен во него, загина; остана само некоја тивка тага и самосожалување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мојата тивка тага ја открија преведувачите со кои најмногу се зближив, преведувачката од јапонски на француски јазик Доминик Палме и преведувачот од англиски на холандски јазик Пол Ле Брин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во нивните погледи забележав тивка тага, некаква меланхолија поради минливоста, во која ненадејно заминував забрзано, неочекувано се губев, испуштав драгоцен дел од неповратното семејно време овде и отаде морето, на другите брегови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го погледнав осаменото семејство во градината во која Раиз го беше почнал бојот со дивото билје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еве, септември е сега, онаков, училишно убав, а јас ве прозивам в мисли со тивка тага и љубов.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Гледајќи кон залезот и водите што брзаа зад него, Татко го обземаше чувство на меланхолија и тивка тага.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ехе, што е убаво! - слатко се проѕевна едното. - Како да сме вистински дома! - со тивка тага одговори другото, кое можеби се потсеќаваше на својот, по којзнае која причина изгубен дом.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)