Тоа беше тивкиот оган на нивната голема љубов која никогаш не згаснуваше, а се смируваше и се зацврстуваше пред новите бранови на егзилското страдање.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тишината можеш да ја месиш како ќофте, да ја извалкаш во презла, и да ја пржиш на тивок оган.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Посакуваше тоа да трае, да боли. Да ја пече на тивок оган, цедејќи ја капка по капка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сакаше еднаш и таа да ги потпече на тивок оган.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас сум само едно кртинче, спремно за „поховање“ и печење на тивок оган. Колку за загревање.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Веќе дваесет и две години, секоја вечер тој сака да ме однесе... точно на полноќ... но и јас знам да се бранам... со дванаест чисти симфонии на цимбали, два катаракти за славеи... едно цело крдо фоки кои се горат на тивок оган... ете ти работа за ерген...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На јаве му се случува страшниот сон во кој ветрот и тој блудат низ испразнетиот град и се печат на тивкиот оган на неодамнешното живо присуство и сеќавање, на довчерашниот, додуша сè помалуброен, но сепак постоен џагор на живиот град, на Солун, што сега исполнет само со бивш живот некој еднаш го нарекол Втор Ерусалим. Кој сега е нов Гехином.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наредено им е да се качат на воз и да заминат од дофатот на сојузничката слобода.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Работните часови Макс ги минуваше во дрводелскиот оддел на Гнездо, а Добрата Душичка во шивачкиот, и на нивните средби за време на прошетките во паркот, таа ќе извадеше некакво марамче, некакво крпче, некаква престилка, што ги имаше скриено меѓу градникот и срцето, а тој ѝ подаваше коњче, цвет или ангелче, направени од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа пролет, пролетта во која Добрата Душичка и Макс го чуваа од згаснување тивкиот оган на кој се грее душата, за сите нас во Гнездо траеше колку цел еден живот; како сите ние по цели еони ледено доба да почувствувавме дека душите одново нешто ни ги стоплува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека ги гледавме во паркот, додека ги прислушнувавме нивните разговори и додека си ги прераскажувавме и мислевме што ќе биде со нив потоа, заборававме на своите лудила, и нашите лудила забораваа на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нивната љубов, а тоа не беше љубов, затоа што љубов е само она кое вљубените ќе го наречат така, а Добрата Душичка и Макс не го нарекуваа никако она што беше меѓу нив; тоа беше како да чуваа од згаснување некој тивок оган на кој се грее душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа пролет, пролетта во која Добрата Душичка и Макс чуваа од згаснување некој тивок оган на кој се грее душата, за нив траеше колку цел еден живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Макс ѝ го ветуваше на Добрата Душичка она што тој самиот некогаш посакувал животот да му го вети нему, ѝ ветуваше сосема обични нешта, нешта кои луѓето не си ги ветуваат затоа што тие се подразбираат во постоењето та за нив нема потреба од посакување, нема предуслов за копнеж, затоа што копнежот може да се роди само кон она што е тешко остварливо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Човекот, сонлив, стана, се искачи по кусите спирални скалила, и отвори едно од крилата на вратата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се стемнуваше. Тивкиот оган во каминот правеше непостојани сенки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)