тивок (прид.) - моќ (имн.)

Во тој период со својата тивка моќ и храброст, со својата мудра и брза мисла, ќе го добие и својот прекар Окјар, односно презиме по предлог на Мустафа Кемал (ok+jar, со значење: брза мисла).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Цела е во црнина, лицето цврсто, сал очите ја зрачат познатата енергична добрина и тивка моќ, темелот на нашата истрајба во долгиот балкански егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нејзината тивка моќ беше длабоко, длабоко задржа­на во длабочината на душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„... Мајка, со својата питомина, срцето, со својата кроткост, со својата тивка моќ, со добрината која зрачеше од нејзините очи, умееше во себе да ги поврзе разликите од монотеистичките верувања, во некое свое заедничко верување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, со својата питомина на срцето, со својата кроткост, со својата тивка моќ, со добрината која зрачеше од нејзините очи, умееше во себе да ги поврзе разликите од монотеистичките верувања, во некое свое заедничко верување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка требаше, и во мирот, кој траеше подолго од војната, да се бори со сите средства на својата тивка моќ за да истрае, за да си ги спасува своите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но таа како да ги имаше сите други зборови, но потонати длабоко во нејзиниот молк. Ѝ се восхитуваше на нејзината тивка моќ која стануваше вистински безгранична кога зборуваше за нивните чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Може да се рече дека, под влијание на Мајкината тивка моќ и на нејзиното присуство, Татко стануваше мистичен рациона­лист.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)