тивок (прид.) - меланхолија (имн.)

При излегувањето од Училиштево, ќе ги опфаќа тивка меланхолија, соочени со реалноста што ги очекува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку и да навикнуваше на новиот ред на живеење, колку и да се помируваше со реалноста на еден друг начин на живот, колку и да беше Мајка внимателна, тој не можеше да ја прикрие тивката меланхолија што го обземаше кога ќе останеше долго време загледан во течењето на реката, свесен дека никогаш повеќе нема да ја има илузијата дека ќе замине, некаде далеку, кон Цариград, или кон Америка...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)