Од под црницата се чу тивок глас: - Тетко, тетко, отвори! Прозорецот се отвори.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Прозорецот пак се затвори и бабичката се скри внатре.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Околу полноќ и пополноќ му се стори оти некој му подвика со тивок глас и тој га начули ушите како зајак кога слуша загарски лај.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не туркај ме, чорбаџи, не туркај ме, да не си а земиме бељата обата, — со тивок глас му вели Толе. Лели има разбор, ќе се разбереме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И полека сосема со тивок глас рече: - Газдата денес нареди да ве отпуштам, да ве отпуштам сите!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Каде? - се слушна еден тивок глас некаде од под масата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во секој случај и јас но и тој стоиме пред многу нејаснотии.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А потоа, и неговата додатна дилема што мене ме развеселува а него, веројатно дефинитивно го дотепува; она сладникаво но и горчливо прашање, што самиот тој со тивок глас си го поставува: „Дали навистина ќе ја довршам со успех задачава, и како ќе ме наградат ако ги совладам безвредните тешкотии?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А изгледа јас сум несреќникот што ги умножува?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Имавме еден Јане меѓу нас кој кога си го слушна името, се сврти кај жените, пушката му падна од раце и со тивок глас на огромно изненадување, прошепоти: - Maјко...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Така е подобро татко, нели - реков со сосема тивок глас, но и со некаков пркос.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Меѓутоа, една вечер, снеможена до потиштеност, Марија со тивок глас ја праша жената од соседниот кревет: – Каде сме?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во тој момент инженерот, со тивок глас ми рече: „За малку ќе заборавев нешто, драг Андре. Но, првин, треба да ми ветиш нешто“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дека нема да откриваш бројки, димензии, нема да оддаваш никакви податоци, цифри?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Марија се преплаши и само таа знаеше зошто.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тивок глас, со желба никој да не слушне: „Ќе читаш ако останеш жив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога ја изговараше синтагмата Октомвриската револуција, тоа го чинеше со тивок глас, гледајќи несвесно лево-десно, уште не можеше да се ослободи од напластениот страв во душата од Голи Оток, којшто како да беше поминал во инстинкт, како рефлекс, иако беа поминати години од неговото ослободување и никогаш целосното рехабилитирање.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со меланхоличен и тивок глас продолжи: И така, братко мој, од Сорбона се најдов во затворот на проколнатиот јадрански Гол Остров, во пеколот на нашиот комунизам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нејзиниот тивок глас како да ни зборуваше: - Одете, малечки мои, еве го патот, одете, не предавајте се !
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Да, да, и јас ќе пијам со тебе. Ајде“ со тивок глас рече Атина и излезе од собата.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Започна со тивок глас да го чита клучниот пасаж од книгата на Малро: Потребни се девет месеци за да се создаде човек, а за да се убие е доволен само еден миг.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да бараше најуверлив доказ за искажаната мисла, за немоќта човекот да ја победи војната.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дека пристигнале и дека Карл е добар - рече Наде со тивок глас.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Откако почука на вратата, го слушна татковиот тивок глас. Не спие, си рече, и ја отвори вратата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ја чув како вели со тивок глас: „Ќе мораме да се обидеме, секако.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Зборуваше со тивкиот глас на еден човек.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Доста, - рече со тивок глас Пандо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Јас, - се јави некој со тивок глас.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Во ходникот слушам тивки гласови.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ни пријде полека и со тивок глас рече: - Да дојдам и јас со вас?
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Тивкиот глас ја крена секирата, но силен глас го запре: - Не, - му свика. - Чекај!
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога веќе беа пред прагот, пред нив застана старичката и со тивок глас ги праша: - Си ојте? Со здравје и со добро.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Доаѓаат... - се слушна тивок глас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Изабел којашто вообичаено многу брзо зборуваше сето ова го кажа со тивок глас притоа поединечно нагласувајќи го секој збор.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Не се решава сѐ со казни. Треба повеќе да се разговара, низ разговор да се расчистуваат проблемите, - го советуваше со тивок глас, за ние да не можеме да чуеме.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Чана, уште пред да чуе каде нашла Пелагија одајка, светнувајќи со лицето како месечина, продолжува Ми д знјш мори сестро коуку ми е мило, тука не са устанува диљми нови Игејци ки дојдат, ет и ниа су Митра и Дончито ки ојме у тиа катоите на ступанството, така ми риче то бригадирут ама нејќак да бегме и да те уставиме сама, е се и на мен ми улисна на душта, тка д знјш! и тука, на ова место, Пелагија се приближува до неа, ја преграбува нејзината едра снага и стискајќи си ја својата глава во нејзината, во Чанината, проговорува со тивок глас Ох, пуста мори сестро, зошто досега да не си заминете?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)