Меѓу стравот и храброста Сандри го бараше својот тесен процеп на сигурност, процеп што постои само ако бегот сѐ уште не решил да постапува отворено.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Беше само еден миг, во кој беше сѐ загубено, наеднаш чиниш беше замрзнато, а Језекил можеше добро да го види она, што го имаше момчето во своите очи; беше еден толку кус миг, само колку тоа скочането момче да може да погледне во Језекила, но старецот можеше многу добро и во истиот миг да го препознае во тој поглед она, што го измачуваше самиот него целото тоа лето, и само додека зина да му свика на тоа момче, речиси со бела коса од сонцето, да ја пушти копанката, момчето се отпушти од талпата и потона надолу; провалијата меѓу ѕидот и скелињата просто го проголтна неговото тело и го понесе низ оној тесен процеп меѓу скелињата и ѕидовите, што се стрмоглавуваше сѐ до подножието на зданието, а по него и неговата полна копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Маѓепсани од моќта на неподвижното, во момент го разбираме немирот што пробива низ тесните процепи.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)